Земјата во која избега Груевски ја тресат жестоки протести-најавени уште пожестоки
Објавено во: Балкан 07 Јануари, 2019
Најмалку 10 000 луѓе протестираа во Будимпешта пред парламентот на Унгарија поради новиот закон за труд.
Новиот закон на работодавците во земјата во која пребега Никола Груевски бараат до 400 часа прекувремена работа годишно.
Синдикалните лидери повикаа на протести и штрајкови ширум земјата на 19 јануари со цел спротивставување на законот за работа, усвоен во декември, за кој наведуваат дека е робовски за работниците.
Претседателот на Федерацијата на унгарски синдикати Ласло Кордаш рече дека тие ќе изнесат барања до премиерот Виктор Орбан и ќе стапат во штрајк ако владата ги одбие преговорите. Меѓу барањата се и зголемена плата и воведување на флексибилен систем за пензионирање.
Портпаролот на владата Иштван Холик ги повторил претходните тврдења на унгарските власти дека американскиот милијардер со потекло од Унгарија Џорџ Сорос ги финансира протестите поради измени на законот за работа.