ЗЕМЈИ СО НАЈВИСОКИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Во топ 10 се и соседите
Објавено во: Балкан 20 Мај, 2019
Највисоките луѓе на светот живеат во Европа.
Највисоки се Холанѓаните, а тоа го утврди и Светската здравствена организација квалитетот на животот и добрата исхрана. Просечната височина на Холанѓаните е 183,8 сантиметри. Вратите во сите државни институции во Холандија се повисоки од 2 ,2 метри.
Втори по височина на светот се граѓаните на Црна Гора со 183,2 сантиметри.
Пријатната клима и чистиот воздух се главниот предуслов за такво нешто. Црногорската кујна е мешавина на вкусови и е многу нутритивно богата. Секако во Црна Гора значаен фактор се и гените.
Трет највисок народ на светот се Данците со 182,6 см. просечна височина.
Норвежаните со 182,4 см, се меѓу највисоките луѓе на светот.
Петти највисок народ на светот се Србите и Србинките со 182 см. Просечната височина е измерена во однос на двата пола. Комбинацијата на словенски и медитерански гени и доминантниот динариоден облик на главата се сметаа за најзначајните фактори за висината кај Србите.
Во топ десетте највисоки народи на светот се и Германците со181 см, Хрватите со 180,5 см, Чесите со 180,31 см, Словенците со 180,3 см и граѓаните на Луксембург со височина од 179,99 см.