Земјотрес близу Измир стресе и грчки острови
Објавено во: Балкан 22 Јануари, 2020
Земјотрес со јачина од 5.3 степени попладнево ја погоди Турција, а го почуствувале и грчките острови во Егејското море, јавува Си-Ен-Ен.
Потресот е регистриран на 112 километри источно од островот Лезбос и траел релативно долго. Епицентарот бил во зоната помеѓу Измир и Бурса.
Нема податоци за штета или жртви.
Во текот на денот на територија на Турција имало повеќе од 10 потреси.
Во регионот се тресеа Албанија и Грција.