Земјотрес од 4 степени во Албанија, се стресе и Западна Македонија
Објавено во: Македонија, Балкан 28 Јули, 2020
Земјотрес од 4 степени е регистриран попладнево во Албанија, а се стресе и Западна Македонија.
Според албанскиот Институт за сеизмологија, епицентарот на потресот бил на 37 километри јужно од Тирана, а земјотресот бил на длабочина од два километри.
Засега нема пријавено штети.Лани имаше силни потреси во Албанија, кои однесоа над 50 животи.
Денеска во регионот, имаше повеќе земјотреси во Грција.