Земјотрес оштети 1.000 згради
Објавено во: Балкан 09 Август, 2019
Во земјотресот во Турција оштетени се околу 1.000 згради.
Скоро 1.000 згради се оштетени во земјотресот што го зафати западниот дел од Турција, соопштија властите во земјата. Повредени се над 20 луѓе луѓе.
„Во областа што вчера ја погоди земјотрес од 6 степени, тешко се оштетени 108, а умерено 868 објекти“, изјави турскиот министер за урбано планирање, Мурат Курум.
Луѓето при земјотресот панично бегале на улица.