Земјотрес повреди 25 луѓе
Објавено во: Свет 13 Јули, 2019
Дваесет и пет повредени во земјотрес со магнитуда oд 5,5 степени на Филипините.
Тие се примени во болница, а претходно беше соопштено дека 51 човек побарал лекарска интервенција.
Земјотресот го погоди северниот дел од островот Минданао на југот на Филипини, рано утрово и оштетил повеќе куќи, згради и други објекти.
Филипинскиот институт за вукланологија и сеизмологија соопшти дека потресот, чијашто јачина Американскиот геолошки институт (UGSS) првично ја процени со магнитуда 5,8, е регистриран во 4,42 часот утрото по локално време, како и дека неговиот епицентар бил во градот Караскалу во покраината Суригао Дел Сур. Центарот предупредување со седиште на Хаваи, веднаш по потресот не издаде предупредување за можна опасност од цунами.
Земјотресот предизвикал пропаѓање на таван на една црква, и полесно оштетил неколку куќи, владини згради и јавен пазар. Пукнатини се појавиле и на мост, но тој е прооден.