Земјотрес регистриран во Албанија стресе четири македонски градови
Објавено во: Македонија, Балкан 03 Декември, 2019
Нов земјотрес e регистриран на албанска територија.
Земјотресот бил со епицентар во Албанија и е регистриран вчераутро, соопшти сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот е на 160 километри југозападно од Скопје. Потресот се случил во 9 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда 4,3. Земјотресот е почувствуван во Кичево, Охрид, Битола и во Скопје.
Податоците од досега завршената проценка за штетата од земјотресот во Албанија, покажуваат дека се урнати 1.183 објекти, претежно куќи, повеќе станбени згради и хотели, а 558 станбени згради имаат големи оштетувања.