24 Април, 2024
0.0289

(ФОТО) ЗЕМЈОТРЕС ТУРЦИЈА: Жена спасена по 19 часа, Ердоган на погреб на жртвите

Објавено во: Свет 26 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Најмалку 29 луѓе загинаа, а повеќе од 1.400 се повредени, во моќниот земјотрес во источна Турција.

Земјотресот со јачина од 6,8 степени со центарот на градот Сивриџе во провинцијата Елазиг предизвика многу згради да пропаднат, а нивните жители да останат на улица.

Четириесет и три лица досега се спасени, но се стравува дека пвеќе од 20 може да останат заробени, велат официјалните лица.

Спасувачките екипи работеа преку ноќ, користејќи ги рацете и копачите за да се обидат да најдат луѓе во урнатините на паднатите згради. Тие, исто така, донесоа кревети и шатори за раселените лица и ги предупредија жителите да не се враќаат во оштетените згради заради опасност од нови земјотреси.

Според АФАД, 25 лица починале во провинцијата Елазиг, а четворица во соседната провинција Малатија.

Според најновиот број, во земјотресот се повредени околу 1.466 лица. Министерот за здравство Фахретин Коца изјави дека 34 од повредените биле на интензивна нега, но не и во критична состојба.

Според извештаите, една постара жена била извлечена жива од урнатините околу 19 часа по земјотресот.

Друга жена што била во урнатините е спасена откако ги повикала роднините од нејзиниот мобилен телефон и им кажала каде е заробена.

Но, 12-годишно момче кое било спасено од урнатините, подоцна починало во болница.

Од урнатините беше извлечен и помлад маж.

„Беше многу страшно - мебелот падна над нас. Ние брзавме надвор“, цитираше новинската агенција АФП 47-годишен маж. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги откажа плановите во Истанбул во саботата, и наместо тоа, ја посети погодената област и присуствуваше на погребот на две од жртвите.

„Ние правиме сè што можеме како држава и нација и ќе продолжиме да го правиме тоа. Нашите напори на сите места за спасување ќе продолжат“, рече тој.

Сивриџе, град со околу 4.000 луѓе, е популарно туристичко место на брегот на езерото Хазар, изворот на реката Тигар.

Фото: светски и турски медиуми

Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница