Земјотресот од 5.9 степени е почувствуван на цела територија на Македонија
Објавено во: Македонија 04 Март, 2021
Земјотресот oд 5.9 степени кој вечерва ја погоди Грција е почувствуван на целата територија на Македонија.
Според податоци на Сеизмолошката опсерваторија, истиот е почувствуван на целата територија на Македонија со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 260 километри јужно од Скопје во соседна Грција. Вчера и денеска имаше силни земјотреси во Грција. Има штети, и 11 повредени.