Жена од Албанија и маж од Турција тргувале со органи во Косово
Објавено во: Балкан 18 Јули, 2019
Во Приштина се уапсени Албанка и Турчин за трговија со човечки органи.
Две лица се приведени за незаконска трговија со човечки органи и ќелии и илегална трансплантација на органи, објави денеска косовската полиција, пренесе приштинскиот весник „Коха“.
За работи за жена од Албанија и државјанин на Турција. Косовската полиција наведува дека против нив ќе биде отворена редовна криминалистичка процедура.