Жената која му се заканувала на Рахиќ носела бомба и била вработена во МВР
Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2019
Жената која му се заканувалана новиот директор Есад Рахиќ пред затворот Шутка, всушност викала дека носи бомба и дека ќе ја активира, дознава 24 Iнфо.
Неофицијално жената е вработена во МВР, но не е познато кои се причините за заканите. Од МВР потвдија дека се случил инцидент, но вербален.
Од таму велат дека имало жена, но само вербално се заканувала кон директорот и си заминала и не направила ништо.
Откако била идентификувана, случајот бил пријавен и се превземаатат мерки за расчистување.