Жени од Виница и Берово починаа на инфективното одделение во Штип
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2020
Две пациентки од Виница и Берово на возраст од 67 години починале на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница од компликации од коронавирусот. Оваа информираше за МИА ја потврди портпаролот Марина Шуманска.
На ова одделение се хоспитализирано 50 пациенти, а има само пет слободни болнички кревети.
Пред седум дена кочанската болница почна да прима пациенти, за да го растерети ова одделение. Сепак нејзиниот капацитет е за 25 пациенти.