28 Март, 2024
0.0269

Жерновски се прости од МНР и Владата: Му благодарам на Заев за шансата

Објавено во: Македонија 24 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Андреј Жерновски, досегашниот заменик-министер за надворешни работи, на Фејсбук се прости од МНР и Владата, откако и официјално заврши неговата функција. Вчера во Собранието беа изгласани новите заменици-министри по предлог на Владата, а Жерновски ќе биде заменет од Фатмире Исаки, која ќе му биде помошничка на новиот шеф на македонската дипломатија Бујар Османи.

„Некако симболично, со завршување на летото заврши и мојот мандат во Министерството за надворешни работи.

Ми беше чест и задоволство да работам во македонската дипломатија во периодот кога ги постигавме најголемите успеси на надворешен план: полноправното членство во НАТО и одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.

МНР е куќа во која работат врвни професионалци и дипломати, посветени на интересите на својата држава. Со таквата одговорна мисија, тие градат државност промовирајќи ги и афирмирајќи ги националните вредности и интереси.
Убеден сум дека успесите на надворешен план ќе продолжат и дека новото раководство на нашата КУЌА ќе соработува успешно како што тоа го правевме министерот Димитров и јас.

Благодарност, пред се’, за поддршката и одличната соработка со премиерот Заев, кој ми ја додели довербата да бидам дел од Владата со која раководи. Времето и историјата допрва ќе ги потврдат неговите и успесите на македонската држава на надворешен план“, напиша Жерновски на Фејсбук.

Поранешниот градоначалник на Центар му се заблагодари и на претходниот министер за надворешни работи Никола Димитров и до вработените во министерството, а на Османи Исаки им посака личен и зеднички успех.


Можеби ќе ве интересира

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант