25 Април, 2024
0.0469

Жерновски за видеото со Борисов: Патриоти дома- „Европејци и Американци“ надвор

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Не престануваат реакциите по видеото на бугарскиот премиер Бојко Борисов со раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчерашната средба на Мицковски со бугарскиот претседател Борисов ја разоткрива матрицата на ВМРО-ДПМНЕ, чии функционери едно зборуваат пред домашната јавност и своите членови, а сосема друго и и спротивно на средбите со меѓународните чинители, пишува заменик министерот за надворешни Андреј Жерновски на својот фејсбук профил.

„Мицковски тврди, декларативно, дека е за членство на државата во ЕУ и НАТО. Во изјавите за домашна употреба вели дека со недобивањето датум за преговори со ЕУ, “катастрофалните договори со Грција и Бугарија” се веќе наважечки, но во бесрамното кокетирање со амбасадорите и сестринските партии тајно ветува (само за да дојде на власт) дека ништо од договорите нема да менува.

Е па, војводо, едното со друго не оди!
И на македонската и на меѓународната јавност сосема и’ е јасно дека Мицковски не поседува мудрост, трпеливост, па ако сакате и квалитет да го продолжи реформите и да ги направи одржливи најголемите меѓународни достигнувања на нашата држава од својата независност“, пишува Жерновски.

За да (им) помогнам да не живеат во лажен триумфализам, но и за да дообјаснам колку лажното политиканство, како она вчера, (им) е поприлично обезличено, ќе (им) раскажам што (ми) се случи во Монако, кога неодамна присуствував на 36-та министерска конференција на меѓународната организација на франкофонијата. Членки на тоа семејство се Франција, Белгија, Бугарија, Грција, Луксембург и Романија, а набљудувачи се Австрија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Малта, Словачка и Словенија. Сите беа приситни.
Во таа прилика, ми пријдоа неколку колеги и амбасадори од наведените земји за да ми кажат дека во нивните земји, цитирам, “вашата десноориентирана опозициска партија закажува средби на различни нивоа и секаде цврсто соопштува како целосно го подржува Договорот од Преспа и дека ако дојде на власт нема воопшто да го пипне тој документ”.

„Затоа, треба да знаат дека таа нивна “тајна” дипломатска активност не е воопшто тајна и дека се прочитани.
Чудна е моќта на маската.
Или, што би рекол Енди Самберг, “Јас сум бездушен кловн. Кога би ставил тетоважа, тоа би биле две маски, на која и двете ќе бидат насмеани“, пишува Жерновски.”


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот