ЖЕШКИОТ КОСТЕН СЕГА ВО РАЦЕТЕ НА ЦИПРАС: Што е следно по изгласувањето на уставните измени во Македонија?
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2019
Со последното одобрување на амандманите кои со 81 пратенички глас беа усвоени, Македонија ја исполни обврската која произлезе од Спогодбата со соседна Грција.
Без тензии пратениците дадоа поддршка за промена на уставното име и државaта ќе се преименува во Република Северна Македонија.
Жешката топка сега пак е во рацете на грчкиот премиер Алексис Ципрас. Неизвесно е колку тој ќе добие поддршка за ратификација на Спогодбата од Преспа во грчкиот парламент но извесно е дека ја има поддршката на германската канцеларка која во престојот во Атина имаше богата агенда, но , сѐ се сведе на суштинска поддршка на грчкиот премиер Алексис Ципрас, истакнувајќи го „историското значење на договорот помеѓу Атина и Скопје“.
Посетата е планирана во момент кога , освен „преспанскиот договор“ се решава и политичката иднина на грчкиот премиер.
По ратификацијата од страна на грчките пратеници се очекува и потпишувањето на протоколот за членство на Македонија во НАТО