25 Април, 2024
0.1331

ЗЕТОТ НА ЕРДОГАН: Турција ќе излезе посилна од сегашната нестабилност на лирата и пазарот

Објавено во: Балкан 17 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Турскиот министер на финансии и државната каса Берат Албајрак изјави дека Турција целосно се освестува и ги признава предизвиците со кои се соочува, а од сегашната нестабилност на пазарите ќе излезе посилна, објавија турските медиуми.

Албајрак  ја отфрли можноста Анкара да побара помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), објави Ројтерс и турските медиуми.

Не постои план за ММФ. Ќе се фокусираме на директни странски инвестиции, рекол министерот, кој е зет на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Албајрак, кој се сврте кон странските телеконференциски инвеститори, кажал дека Турција има стабилен и здрав банкарски сектор.

Анкара нема да прави компромиси во однос на фискалната дисциплина и намалувањето на инфлацијата е главен приоритет за земјата, посочил министерот за финансии на Турција, информираат агенциите и "Хуриет дејли њуз".

Албајкар ветил дека неговата влада ќе преземе структурни реформи кои пазарите ги бараат со години, пренесе АФП.

Овие изјави на турскиот министер доаѓаат во момент кога Турција доживува монетарна криза со пад на националната валута. Турската лира загуби речиси 40 отсто од својата вредност во однос на доларот и еврото од почетокот на годината.

Амортизацијата на лирата се забрза минатата недела поради дипломатската криза со САД.

Изјавите на Албајкар  се чини дека се позитивно прифатени од пазарите, забележува АФП. Турската лира, која полека се опоравува во изминатите три дена, ја зголеми својата вредност со над 3 проценти во однос на доларот.

И покрај малиот подем на лирата во последните денови економистите остануваат загрижени од спорот меѓу Анкара и Вашингтон, поврзан со притворањето на американски свештеник во Турција, и од контролата на Ердоган врз економијата, забележува АФП.

Пазарите остро го санкционираа одбивањето на централната банка да ги зголеми каматните стапки минатиот месец и покрај падот на лирата и зголемената инфлација. Ердоган, кој по секоја цена е раководител за раст, остро се противи на зголемувањето на каматните стапки.


Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци