29 Март, 2024
0.0269

Горан Мауровски поставен за генерален директор на „Бетон“

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Зетот на еден од најуспешните македонски бизнисмени Минчо Јорданов, Горан Мауровски, е поставен за нов генерален директор на ДГ Бетон АД Скопје, на местото на досегашниот вршител на должноста Коста Глигориевски, кој привремено ја вршеше оваа функција откако изминатото лето Дејан Нешковиќ поднесе оставка.

34-годишниот Мауровски до сега беше директор на секторот за контрола и известувања во истата компанија. За него се знае дека е основач и сопственик на три компании во градежништвото, производство и трговијата. Од почетокот на 2016 година е назначен за член на надзорниот одбор на ФАКОМ, а лани доби покана да биде директор на секторот за контрола и известување. Еден е од основачите на Македонската асоцијација на инженери- консултанти (АЦЕМА).

Јорданов долго време официјално фигурираше како најбогатиот Македонец а во 2015 Мауровски му стана зет за помалата ќерка Наташа Јорданова. Минчо Јорданов долго време го држеше овој примат, односно тој долго време е меѓу најпознатите бизнисмени во земјава. Кариерата ја почна во деведестите во „Дуферко“, регистрирана во Лугано. Јорданов поседува акции и во градежната компанија „Бетон“ каде преку „Репро оне лимитед“ држи околу 23 отсто од капиталот. Семејството на Јорданов ја поседува и Клиничката болница „Ремедика“, една од најпознатите приватни болници во земјава. Тој во изминатата деценија впрочем стана газда и на винаријата „Стоби“, а го купи и најстариот дневен весник во земјава кој се уште го поседува, Нова Македонија.

„Бетон“ е децениски етаблирана компанија во реализацијата на градежни работи од областа на високоградбата (административни, станбени објекти), нискоградбата (патишта, мостови, тунели) и хидроградбата (брани, хидросистеми). Покрај градилиштата, компанијата располага и со производствени капацитети – погон за механизација, со голем број машини и возила, бетонска и асфалтна база.

Во рамки на многубројните објекти кои ги има изградено се вбројуваат Градски стадион Скопје, хотелот „Александар Палас“, Судската палата, автопатот Миладиновци – Штип, Автопатот Е-75, ХЕЦ „Света Петка“, но и други истакнати градби во градското јадро на Скопје.

Инаку, „Бетон“ АД Скопје го доби тендерот од Агенцијата за државни патишта за рехабилитација на државниот пат А2 од Куманово до Страцин, за втората фаза. Тендрот вреди над седум милиони евра. „Бетон“ АД Скопје е победник и на јавниот оглас на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Компанијата за 1,7 милиони евра ќе треба да ги изведе инфраструктурните објекти, односно сообраќајната, хидортехничката, гасоводната и електротеничката инфраструктура за делови од ТИРЗ Скопје 2.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат