Згаснува „Утрински весник“ по скоро две децении работа
Објавено во: Македонија 26 Април, 2017
Дневниот весник „Утрински весник“ во сабота ќе го издаде својот последен број.
Љубиша Станковиќ, претседателот на синдикатот на весникот, на својот Фејсбук профил ја објави веста за згаснување на „Утрински“.
„После цели 18 години, благодарение на лошото менаџирање на Срѓан Керим, во сабота, ќе згасне УТРИНСКИ ВЕСНИК”. Треба да се запамети името на оној кој ќе го погребе весникот!“ - напиша Станковиќ на Фејсбук.
Според досегашните информации весниците „Утрински“ и „Вест“ ќе станат веб-портали со по неколку вработени, а останатите ќе останат без работа.
Неодамна новинарите штрајкуваа поради неисплатени плати. Тие бараа средба со Керим, но средба немаше.
Во меѓувреме, отворена е нова фирма, со слично име, Медиа Принт ДООЕЛ, кој објави огласи за вработувања на новинари и уредници.