28 Март, 2024
0.0300

Зголемување на прагот за регистрација и нови глоби во предлог законот за ДДВ

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Во собраниска процедура се измените и дополнувањата на Законот за ДДВ со кои се предвидуваат неколку клучни новини.

Анета Димовска, самостоен советник
во Стопанската комора на Македонија

Прво, се предвидува можност даночните обврзници регистрирани за цели на данокот на додадена вредност, правото на одбивка на претходен данок да го остваруваат и со поседување само на фискална сметка издадена согласно со Законот за регистрирање на готовински плаќања. Според постојното законско решение правото на одбивка на претходен данок може да се оствари ако даночниот обврзник ги употребува набавените или увезените добра, односно примените услуги за цели на неговата стопанска дејност а врз основа на фактура, царинска декларација во која е посебно искажан платениот данок за увозот или други акти и извештаи, ако тие документи се евидентирани во книговодството на даночниот обврзник. Со цел да се олесни остварувањето на правото на одбивка на претходен данок се предлага даночните обврзници регистрирани за цели на данокот на додадена вредност да имаат право на одбивка на претходен данок за прометите кои се платени во готово и само со поседување на фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари издадена согласно со Закон за регистрирање на готовински плаќања.

Второ, согласно предложените измени и дополнувања на Законот, се зголемува и прагот за задолжителна регистрација за целите на данокот на додадена вредност од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари. Согласно постојното законско решение за регистрација за данокот на додадена вредност обврзани се сите даночни обврзници чиј вкупен промет во изминатата календарска година надминал износ од 1.000.000 денари или чиј вкупен промет на почетокот од вршењето на стопанската дејност или во текот на годината се предвидува дека ќе го надмине износот од 1.000.000 денари. Притоa откако даночните обврзници за цели на ДДВ извршат регистрација, истите остануваат во системот најмалку во рок од пет календарски години, независно од висината на вкупниот промет кој го остваруваат. Паралелно со зголемување на прагот за регистрација, предлог законот предвидува и скратување на периодот во кој даночниот обврзник кој е регистриран за цели на данокот на додадена вредност останува во системот од пет на три години.

Трето, предлог Законот за данокот на додадена вредност предвидува и нови прекршочни одредби, во насока на градација на глобите во зависност од големината на даночниот обврзник.

Изразено преку пример на еден член од Законот (членот 59 - за прекршокот, неподнесување на пријава за регистрација за данокот на додадена вредност во пропишаниот рок) предвидените глоби се во следнава насока:

глоба во износ од 300 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на даночен обврзник правно лице (микро трговец), а глоба во износ од 50 до 250 евра во денарска противвредност се предвидува за истиот прекршок на одговорно лице во правно лице (микро трговец);

глоба во износ од 600 до 2.000 евра во денарска противвредност на даночен обврзник правно лице (мал трговец), а глоба во износ од 100 до 500 евра во денарска противвредност на одговорно лице во правно лице (мал трговец);

глоба во износ од од 1.800 до 6.000 евра во денарска противвредност на даночен обврзник правно лице (среден трговец) , а глоба во износ од 150 до 500 евра во денарска противвредност на одговорно лице во правно лице (среден трговец);

глоба во износ од 3.000 до 10.000 евра во денарска противвредност на даночен обврзник правно лице (голем трговец), а глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност на одговорно лице во правно лице (голем трговец) ќе му се изрече за прекршокот од став 1 на овој член и

- за прекршокот, неподнесување на пријава за регистрација за данокот на додадена вредност во пропишаниот рок од страна на даночен обврзник - трговец поединец и лице кое самостојно врши дејност ќе се изрече глоба во износод 100 до 250 евра во денарска противвредност, а за даночниот обврзник-физичко лице се предвидува глоба во износ од 50 до 250 евра во денарска противвредност.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРАГОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА И НОВИ ГЛОБИ ВО ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ДДВЗа споредба, согласно постојното законско решение за истиот прекршок беше предвидена глоба во износ од 1.200 евра во денарска противвредност за даночниот обврзник-правно лице и трговец поединец, а глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице и трговец поединец, му се изрекуваше на одговорното лице во правното лице и на одговорното лице во трговец поединец. За истиот прекршок на физичко лице-даночен обврзник му се изрекуваше глоба во износ од 120 до 180 евра во денарска противвредност.

Истиот пристап е задржан и во делот на пропишување на глобите за останатите прекршоци кои се предвидени со Законот за данокот на додадена вредност.

Четврто, со цел да се овозможи ослободување од плаќање на данок на додадена вредност, при увоз за добрата кои се увезуваат од страна на воените сили на други држави кои се членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО), во предлог законот се предвидува даночно ослободување.

Предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност треба да доведат до намалување на административниот товар на даночната администрација и на микро фирмите.



Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“