Жичарницата на Водно не работи година и пол, треба да се провери и колку е сигурна
Објавено во: Македонија 05 Август, 2021
Жичарницата на Водно која води до Милениумскиот крст нема да работи ниту ова лето, а од ЈСП „Скопје“, кое е нејзин стопанственик, велат дека во моментов се работи на процедура за обезбедување инспекциски надзор од австрискиот производител.
Проверката била неопходна за повторно пуштање на објектот во употреба откако чницата престана да превезува патници од Средно Водно до крстот на почетокот на прогласувањето пандемија поради коронавирусот, што трае нешто повеќе од една и пол година, пренесува Слободен печат.
-Жичарницата не е во функција поради неопходната комплетна проверка на објектот од секој аспект, имајќи предвид дека таа не е во функција речиси година и пол, како една од мерките за намалување на опасноста од ширење на ковид-19. Во процедура сме за обезбедување инспекциски надзор од австрискиот производител на жичарницата, кој е неопходен за повторно пуштање на објектот во употреба, а имајќи ги предвид пропишаните сервисни интервали и начин на одржување. Поточно, бараме согласност за нејзината функционалност и безбедност, односно побаравме вонреден инспекциски надзор и евентуално дијагностицирање на потребните сервисни активности – информираат од ЈСП „Скопје“.