19 Април, 2024
0.0259

Жика Стојановски го претрка Заев во продажба на градежно земјиште

Објавено во: Економија 21 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Жика Стојановски, раководителот на општина Илинден, за периодот од почетокот на 2009 до крајот на 2017 година како градоначалник на оваа локална самоуправа продал градежно земјиште во вредност од околу 518 милиони денари, или околу 8,5 милиони евра, објави Заводот за ревизија. Извештајот на успешност го опфаќа целокупниот период додека истовремено трае законската можност на 14 општини да продаваат градежно земјиште за свои потреби.  

На второ место е општина Струмица со 265 милиони денари, со тоа што актуелниот премиер Зоран Зеев како градоначалник го опфаќа речиси целиот овој период, освен дел од 2016-та и целата 2017-та кога се посвети на кампањата на парламентарните избори и на водењето на македонската влада.

Стојановски, за разлика од Заев, низ целиот период ја води општина Илинден и е еден од ретките градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ што победи на локалните избори минатогодишната есен. Со сумата од 518 милиони денари Илинден уште еднаш потврдува дека е една од најбогатите и најатрактивните општини за инвестирање во недвижности и на оваа територија постојано никнуваат производни и дистрибутивни центри, како и станбено-деловни површини.

Од сите градоначалници, Заев го држи рекордот на најголем приход од отуѓување на градежно земјиште во една година - 141,5 милиони денари во 2010, на второ место е Стојановски со 121,4 милиони во 2016-та. Трет е Владимир Талески со 82,9 милиони во 2012-та, со тоа што ревизорот критикува дека општина Битола низ годините правела големи издатоци за да ги уреди парцелите пред да ги продаде. Покрај овие тројца, „милионска“ година има и Иван Франгов со 68,9 мил.денари во Гевгелија во 2015-та. Од скопските општини единствено како репрезентативна е земена Кисела Вода, која најголем успех под ова поле има дури во 2009 под водство на Џорџе Арсов со продажба од 38,2 милиони.

Интересно е тоа што Заев во првите четири години, односно од 2009 до 2012, има поголем успех од Стојановски со 229, наспроти 213 милиони денари. Потоа на Струмица и следува пад на продажбите, додека Илинден го задржува милионскиот континуитет

Вкупно 14 општини самостојно вршат продажба на градежно земјиште со законско решение, но Заводот за ревизија за овој период објави само за девет репрезентативни.

34 општини ја немаат превземено надлежноста за градежно замјиште бидејќи немаат формирано стручни комитети за управување.

Една од критиките на Заводот е дека општините немаат план и програма за правилно и наменско користење на средствата од продадените парцели.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб