ЗИМСКИОТ РЕКОРД ИМ Е -68 СТЕПЕНИ: Во град во Сибир измерени многу високи температури
Објавено во: Свет 25 Јуни, 2020
Град Верхојанск во Сибир, познат по тоа што има најекстремни температури на светот, забележа рекордни 38 степени.
Градот е сместен во арктичкиот поларен круг, во Јакутската Република, околу 4.660 километри североисточно од Москва.
Најниската забележана температура е минус 68 степени, а досега највисоката 37,2, пренесува АП.
Верхојанск со околу 1.300 жители го држи Гинисовиот светски рекорд како град со најголеми температурни разлики, кои се движат и до 105 степени.
Поради топлото време, оваа година во Сибир имаше и пожари.