Жител на Лојане силувал Авганистанка, по што ја однеле во Србија
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2019
Жител на липковското село Лојане силувал Авганистанка, пo што ја однеле во Србија.
Вчера во 14.00 часот во Транзитен Центар – Табановце, Н.А.(35) и Х.М.(38), двајцата мигранти од Иран, пријавиле дека неколку лица во Лојане, им ги одзеле парите и мобилните телефони.
Едно од лицата извршило обљуба над жена мигрант од Авганистан која, според пријавaта, потоа ја пренеле во Република Србија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.