Жител на Тузла раскажува каде се заработуваат 60.000 евра годишно
Објавено во: Финансии, Балкан 26 Февруари, 2019
Жителите на Босна и Херцеговина во потрага по подобра работа и живот, заминуваат и многу подалеку од дома, кон Исток.
Се смета дека во Авганистан и Ирак, во американските воени бази, ангажирани се околу 7.000 работници од БиХ, претежно од градовите Тузла и Лукавац.
„Работев за Американците, а после тоа заминав за Германија. Условите не можат да се споредат. Во американските претприемништва годишно се заработува околу 60.000 долари, а во Германија околу 18.000 евра. Но, немојте да заборавите дека во Германија 700-800 евра трошите на стан, додека во американските бази нема скоро никакви трошоци“, вели човек од Тузла, кој повторно планира да бара работа на Истокот.
Луѓето од БиХ во американските бази се распоредени на различни работни места. Некои од нив градат инфраструктура во камповите, некои се во трговија, комунални улуги, но и во кулинарството.