24 Април, 2024
0.0310

Жители од Ново Маало: Лажните екологисти да не повикуваат на суспензија на ДУП-от кај „Холидеј ин“

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Ново Маало пркеу писмо до јавноста им порачуваат, на како што велат од таму,  лажните борци за екологијата од „Зелен хуман град“ и „Шанса за Центар“ да не помислуваат да ја повикуваат Општина Центар за суспензија на ДУП-от кај „Холидеј Ин“.

Станува збор за проектот „Гранд“ кој треба да се изгради на површината спроти хотелот „Холидеј Ин“ каде што во моментов се наоѓа пространиот паркинг и старата скопска населба.

„Доста ни е од манипуланти и самопрогласени борци за екологија кои со целосно уредени животи, изградени куќи и станови се борат за паркингот на кој нема ништо друго освен распукан бетон, многу прашина и нашите распаднати куќи кои 70 години не можеме да ги поправиме.

Потсетуваме дека Министерството за транспорт и врски веќе еднаш се изјасни за инцијативата за суспензија како неоснована и порачуваме да се престане со опструкциите.

Ги повикуваме да престанат да држат непотребни прес-конференции кои не се ништо друго освен за нивна политичка промоција. „Зелен хуман град“ и „Шанса за Центар“ се во Советот на општината и како претставници на институциите тие треба да ни служат нам, а не да нè замајуваат 70 години.

Порачуваме на Општина Центар да не подлегнува на притисоците од овие лажни групи бидејќи нема да прифатиме никаква присилна суспензија. Предупредуваме и на Советот на општината, и на градоначалникот и на сите други институции на кои тие се повикуваат дека остро ќе протестираме и ќе се спротивставиме ако било што се запре. Од ова нема да отстапиме!“, реагираат жителите од Ново Маало.

Можеби ќе ве интересира

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип