21 Април, 2018
0.0536

Живаљевиќ: Се дружев со претставници на сите главни служби, но никогаш со Русите

Објавено во: Македонија, Балкан 12 Септември, 2017

Горан Живаљевиќ,  службеник на БИА и српски дипломaт вели дека по службена должност се нашол во Собранието на Македонија за време на упадот на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ. 

Тој посочи дека целата афера избила речиси еден месец по настаните во Собранието, но кога приказната за него како тепач не поминала требало да му се прикачи дека е поврзан со руската разузнавачка служба.

„Требаше да се најде моја врска со руските служби. Патем, јас никогаш не сум бил во Русија и никогаш не сум бил во контакт со некој  Русин. Се дружев со претставници на сите главни служби, но никогаш со Русите”- објасни Живаљевиќ.

Смета дека скандалот поврзан со неговото име требало да го одвлече вниманието на јавноста од вистинските провокатори и насилници.

Во емисија на српска телевизија Живаљевиќ изјави дека во Собранието дошол дури два часа по насилството, а во прилог на своето тврдење дека се одвлекува вниманието од вистинските насилници го споменал присуството на Игор Југ, поддржувач на Хрватските ослободителни сили (ХОС), кој бил облечен во кошула со шаховница и можеби, додал, имал  и оружје. 

Тврди дека Југ не бил уапсен, ниту, пак, тепачите со маски. И не се знае, според него, каде е Југ, иако „половина Скопје знае кои се тие.”

Живаљевиќ тврди дека единствениот доказ за неговиот престој во Парламентот било „селфито” што тој  самиот  го испратил на советникот на  безбедност на македонскиот претседател, Синиша Алексоски. Алексоски тогаш бил во Охрид и кога, како што изјавил, го прашал каде е му го пратил „селфито“ од  Собранието.

Живаљевиќ се пожали исто така дека во Скопје бил следен и прислушуван и дека за тоа сведочат  транскриптите од телефонските разговори што ги имал со лидерот на српската партија во Македонија,  Иван Стоиљковиќ. 

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се тргне од патот на правдата за „Монструм“

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се тргне од патот на правдата за „Монструм“

Филипче: Без вакцини нема запишување во градинка и училиште

Филипче: Без вакцини нема запишување во градинка и училиште

МВР со голема акција во Скопје во лов на пијани возачи

МВР со голема акција во Скопје во лов на пијани возачи

Крадци ја „пеплосале“ катната гаража Македонска фаланга

Крадци ја „пеплосале“ катната гаража Македонска фаланга

И Даниел Сервер доаѓа во Македонија

И Даниел Сервер доаѓа во Македонија

Труп пловел по Охридското езеро

Труп пловел по Охридското езеро

Каква офанзива најави премиерот Заев?

Каква офанзива најави премиерот Заев?

Сопственик на скопска кафана прободен со нож од гости кои се тепале

Сопственик на скопска кафана прободен со нож од гости кои се тепале

Заев ќе се појави како сведок во „Монструм“ само по барање на судот

Заев ќе се појави како сведок во „Монструм“ само по барање на судот