Живеат на море, а не можат да си дозволат летување, во иста корпа со нив сме и ние само што не живееме на море
Објавено во: Балкан 07 Мај, 2018
Податоците на Евростат покажуваат дека повеќе од половината од грчките семејства лани не можеле да си дозволат недела дена летување.
Статистичката канцеларија на Европската унија покажува дека Грција, иако позната како туристичка дестинација, е седма на дното на листата од вкупно 33 европски држави која ја покажува платежната моќ на населението кога е во прашање одмор или летување, пренесува Grcka.info.
Во полоша положба од Грција на листата се само граѓаните на Србија, Кипар, Македонија, Бугарија, Хрватска и Романија.
На другиот крај на листата, преку 90% од Норвежаните, Швеѓаните, и Швајцарците можат да си платат најмалку седум дена летување.