ЖИВЕЕЛА ВО ЗАБЛУДА: Георгина Чепмен по шест месеци се огласи за сексуалните злоставувања на познатиот холивудски продуцент
Објавено во: Свет 13 Мај, 2018
Пред неколку месеци се обелодени една огромна вистина-безбројните сексуални злоупотреби на холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.
Георгина Чепмен, поранешната сопруга на Вајнстин, за прв пат зборуваше во јавноста за магазинот „Vogue“ околу тоа каква била нејзината реакција кога дознала дека нејзиниот сопруг сексуално злоставувал многу жени.
Тие беа 10 години во брак, а последните шест месеци откако го напушти не сакаше да дава изјави за медиумите.
Сега, за прв пат зборуваше на оваа тема за магазинот „Vogue“, истакнувајќи дека се чувствува „засрамено и скршено“.
„Еден дел од мене беше неверојатно наивен, очигледно многу, многу наивен“, изјави таа и додаде дека се вљубила во Харви бидејќи бил харизматичен, паметен и хуман.
„Имам моменти на бес, конфузија, но и моменти кога не можам да поверувам дека ова е точно. А потоа едноставно плачам поради своите деца. Како ќе изгледаат нивните животи после ова? Што ќе зборуваат луѓето за нив?“, се запраша Чепмен.
Чепмен и Вајнстин имаат две ќерки, кои имаат по пет и седум години и за кои таа навистина стравува дека овој скандал ќе има огромни последници врз нив.
Ана Винтур, уредничката на „Vogue“ застана во одбрана на Георгина, велејќи дека ја познава од 2004 година и дека е убедена во тоа дека таа досега не го познавала другото лице на својот сопруг.