Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2023
На овогодишното Генерално собрание на Американската
стопанска комора (AmCham), Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“
АД Скопје, Живко Мукаетов, е избран за нов член на Одборот на директори на оваа
организација, која претставува платформа за вмрежување, размена на искуства, споделување
на најдобрите деловни практики и за застапување на интересите на нејзините членки,
чиј број во земјава во моментов изнесува преку 140 субјекти.
„Алкалоид“ е членка на Американската стопанска комора од 2000 година и еден од нејзините патрони од 2013 година. Компанијата земала активно учество во многу комитети и работни групи на „AmCham“, меѓу кои Комитетот за здравствена заштита, Комитетот за корпоративна општествена одговорност, Работната група за донации и за спонзорства, Работната група за правата од интелектуална сопственост, Комитетот за развој на работна сила и многу други поврзани со работењето на „Алкалоид“. Заедно со „AmCham“ „Алкалоид“ има поддржано и учествувано на многу значајни настани во земјава, како што се Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ) во 2022 и во 2023 година, информативните сесии за можностите за финансирање компании, трговските мисии, Б2Б-активностите со меѓународни делегации и други.
За „Алкалоид“, кој важи за еден од најголемите македонски извозници, соработката со регионални и со меѓународни платформи е од огромно значење.
„За мене членството во Одборот на директори на ’AmCham’ претставува нова можност да придонесам за иницирање и за промовирање позитивни промени во непосредното деловно опкружување, но и за да поттикнам подобрување на деловната клима и унапредување на условите за одржлив развој“, истакна Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на компанијата.
Во Одборот на директори на „AmCham“ на денешното годишно собрание избрани се и Иван Костиќ, Генерален директор на „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“; Александра Ивановска, Генерален директор на „Рош Македонија“, и Душан Митрев, Генерален директор на „Пивара Скопје“.
Работата на Одборот на директори на Американската стопанска комора е фокусирана на унапредување на регионалната соработка, како и на соработката со клучните владини институции и со Амбасадата на САД, а еден од суштинските аспекти на овој одбор е мотивирање и охрабрување на членките на „AmCham“ да бидат гласот на прогресивниот бизнис-сектор. Мрежата на „AmCham“ низ Европа брои 46 подружници.
*пр објава
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
Заеднички со Унгарија ќе се бориме против таксата на Бугарија за руски гас

ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ПЛАТЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН - „Крејон Македонија“ ја доби првата „сочна“ исплата за сајбер одбраната по новиот договор

СИТЕ САКААТ ДА БИДАТ „ФРИЛЕНСЕРИ“ - Кои се предностите на „гиг“ економијата

„Вози Мишко“ од јули до септември! 74.000 Македонци избрале автобус на летување на море и шопинг во странство

Бислимовски: Од утре официјално дневна евтина тарифа за струја

Генерали инвестментс: Црн петок и продажба од 9,8 милијарди долари во САД ?️

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ТОНЕ ПОРАДИ ЕДЕН МНОГУ ВАЖЕН ФАКТОР: Недостиг има кај 80 отсто од компаниите

Ниту небото не е лимит за нив! Во која државна фирма просечната плата изнесува 2.500 евра?

УЈП со решенија за осум блокирани сметки на компании кои не платиле солидарен данок
