ЖИВОТ НА ОПРЕДЕЛЕНО: 13 години се обидува да најде постојана работа
Објавено во: Финансии 24 Мај, 2019
Променил повеќе работни места, а во последните девет години собрал стаж од пет - шест години, раскажува човек од Хрватска.
Тој живее на Истра и веќе 13 години се обидува да најде стабилна работа. Бил бравар, инструктор за возење, телеоператер.Претходно бил во Италија, но во 2006 година одлучил да се врати во својата татковина и да бара работа на Истра.
Во земјата 19% од вработените немаат постојана работа, туку работат на определено време.
Хрватска преднични по бројот на работни места кои носат несигурност, работа на „црно“, мали или никакви права на работникот.