ЖИВОТОТ МУ Е ВО ОПАСНОСТ: На Боки 13 му откажал левиот бубрег

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2019
Бојан Јовановски, познат уште како Боки 13 може да умре за 15 минути. Му откажал левиот бубрег, изјави за „Слободен печат“ адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски.
Јовановски, но и неговиот адвокат од судските власти бараа затворскиот притвор да му биде заменет со домашен, токму поради нарушеното здравје, но тоа барање беше одбиено. Адвокатот вели дека секој ден здравствената состојба му се влошува.
Фактор се обиде да ја потврди информацијата, но Дуковски не е достапен.
Боки 13 е во притвор веќе неколку месеци за случајот „Рекет“.
Можеби ќе ве интересира
Груевски до Десковска: Да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда

ФОКУС НА ДЕНОТ: Администрацијата, Заев, министрите чистеа смет, Десковска ја предаде златната метла

Премиерот и министрите беа дел од „Администрацијата чисти со граѓанската организација ‘Не биди ѓубре’“

ВМРО-НП e против тоа 80 отсто од амбасадорите да бидат дипломати од кариера

На Ѓавато видливоста е намалена од 50 до 100 метри

Жена заврши во болница откако воз удри во автомобил
