08 Август, 2020
0.0408

ЖИВОТОТ СТАНУВА СЕ ПОСКАП - во јуни повисоки цени на овошјето и течните горива за домаќинствата

Објавено во: Економија 07 Јули, 2020

Јуни бил поскап месец за живејачка во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало во јуни 2020 година, во однос на претходниот месец изнесуваат 100,8.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 13,6 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компири и други коренести плодови за 6,2 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 3,5 проценти, пивото за 0,9 отсто, лебот и житата за 0,6 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, прехранбените производи, неспоменати на друго место, виното за 0,3 проценти.

Во јуни 2020 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 18,6 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 9,7 проценти, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 1,9 отсто, велосипедите за 1,0 отсто, електричните апарати за лична хигиена за 0,8 отсто, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, големите електрични апарати за домаќинствата, фармацевтските производи за 0,5 проценти..

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај жестоките пијалаци за 0,6 проценти, месото, јајцата за 0,5 отсто, сирењето и урдата, маслото и маснотиите, минералната вода, газираните пијалаци и соковите од овошје и зеленчук за 0,4 проценти, и полномасното млеко за 0,2 отсто.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај информатичката опрема за обработка на податоците за 5,7 отсто, гасот за домаќинствата за 4,2 проценти, моторните возила за 1,5 отсто, градините, растенијата и цвеќињата за 0,8 проценти... 

Индексот на трошоците на животот во јуни 2020 година, пак, во однос на јуни 2019 година, бележи зголемување од 1,7 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 0,2 проценти.

Можеби ќе ве интересира

ИМА ЛИ ШАНСИ СТРУЈАТА ДА НЕ ПОСКАПУВА - Да, вели Бислимовски, ао се откажат енергетските компании

ИМА ЛИ ШАНСИ СТРУЈАТА ДА НЕ ПОСКАПУВА - Да, вели Бислимовски, ао се откажат енергетските компании

ГАЗДИТЕ НЕПЛАЌАЧИ СЕ ИСПЛАШИЈА ОД КРИВИЧНИТЕ ПРИЈАВИ - деновиве побрзаа да се рздолжат за платите

ГАЗДИТЕ НЕПЛАЌАЧИ СЕ ИСПЛАШИЈА ОД КРИВИЧНИТЕ ПРИЈАВИ - деновиве побрзаа да се рздолжат за платите

Туристичките работници испорачаа ултиматум до Филипче

Туристичките работници испорачаа ултиматум до Филипче

ТРОШОЦИ ЗА ЖИВОТ: Поевтинил зеленчукот, а поскапел лебот, цигарите, сувото овошје

ТРОШОЦИ ЗА ЖИВОТ: Поевтинил зеленчукот, а поскапел лебот, цигарите, сувото овошје

Поради „златната треска“ цената на златото ќе стигне до 3.000 долари

Поради „златната треска“ цената на златото ќе стигне до 3.000 долари

33.265 ДЕНАРИ: Toлку чини синдикалната минимална кошница

33.265 ДЕНАРИ: Toлку чини синдикалната минимална кошница

ДЕНЕСКА Е ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ЕРБАП ГАЗДИТЕ - ќе има ли затвор ако нема плата

ДЕНЕСКА Е ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ЕРБАП ГАЗДИТЕ - ќе има ли затвор ако нема плата

НОВ РЕКОРД: Скокна цената на златото

НОВ РЕКОРД: Скокна цената на златото

Зошто „паѓа“ доларот?

Зошто „паѓа“ доларот?