29 Март, 2024
0.0254

“Златна Рамка” - ревија на македонски филмови од минатата календарска година

Објавено во: Мои пари 20 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Годинава за прв пат ќе се одржи филмската ревија „Златна рамка“, на иницијатива и во организација на Друштвото на Филмски Работници на Македонија, која ќе претставува увид и приказ на реализираните македонски филмови во изминатата календарска година. На 22, 23 и 24 февруари во МКЦ, односно во киното Фросина, домашната публика ќе има можност да ги погледне новите остварувања во македонската кинематографија, а филмските професионалци ќе можат да разменат мислења и искуства за нивната работа.

  На сите креaтивни остварувања, а особено на филмот кој претставува најкомплексна уметност потребна му е поддршката од својата публика. “Златна рамка” се создаде поради фактот што најголем број на домашните филмови не се прикажуваат на редовен репертоар во кино салите и ова е одлична можност да се претстават пред нашата публика. Ваквиот начин на ревијално претставување на националната кинематографија се практикува насекаде во светот и е дел од поддршката и едукацијата на домашната публика за сопствената кинематографија. Исто така, публиката ќе има можност да ги проследи филмовите заедно со дел од авторите кои ги создале и да учествува во дискусиите што се предвидени после секоја програма.

  Во делот на работната програма на „Златна рамка“ е предвидено да се одржи презентација на МЕДИА деск Македонија со цел да можат филмаџиите да се запознаат со начините и можностите за аплицирање во овие фондови, како и Тркалезна маса на тема: Нема кинематографија без филмска критикапредводена од страна на уметничкиот координатор на„Златна рамка“, новинар и истражувач на македонскиот филм – Ана Василевска 

  На првото издание наревијалните денови на македонски филм “Златна рамка“ под мотото „Влези во наш филм“ ќе бидат прикажани вкупно 25 во три програмски целини. Претпоследниот ден од настанот, односно 23.02.2019 ќе ДФРМ ќе додели почесни награди за филмските професионалци- за најдобар филмски автор, филмски актер и филмски работник. Ревијата „Златна рамка“ не е од комерцијален карактер и проекциите ќе бидат бесплатни.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија