ЗЛАТНИЦИ СО ЛИКОТ НА МЕРКЕЛ ВО ЧЕСТ НА НЕЈЗИНОТО ЗАМИНУВАЊЕ ОД ПОЛИТИКАТА: Продажната вредност на монетата е скоро 50 евра
Објавено во: Свет 26 Септември, 2021
Лимитирана серија
златници со ликот на Канцеларката Ангела Меркел е пуштена во продажба, во чест
на нејзиното заминување по 16 години на позицијата прв човек на најмоќната
држава во Европа-Германија.
Златникот тежи 0,58 грама чисто злато, примерок 999. Неговата големина изнесува 12,5 милиметри, а тиражот е 5.000 парчиња.
На монетата се наоѓа ликот на Ангела Меркел и изгравирана е 2005 година, кога таа прв пат ја презеде функцијата Канцелар на Германија.