Злато и сребро се откриени во близина на Сребреница
Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2022
На локалитетот Брежани, во близина на босанскиот град Сребреница се откриени злато, сребро, олово и цинк.
Генералниот директор на компанијата „Дрина ресурс“ од Сребреница, Александар Мишковиќ изјави дека на длабочина од 80 метри е најдено злато, јавува Радио-телевизија на Република Српска.
„Рано е да се зборува за количеството и процентот на тој метал во еден тон руда, но веродостојно е утврдено дека е во структурата на рудата“, изјави Мишковиќ, а пренесе Танјуг.
Кај месноста Чумавици на длабочина од 50 метри откриле сребро-цинкова и оловна руда со поголема примеса на антимон и помала мешавина на злато.
Рударската индустрија директно вработува повеќе од 17.000 луѓе и поддржува многу други работни места во Босна и Херцеговина(БиХ). Рудници има во Какањ, Тешањ, Бреза, Зеница и други.