23 Април, 2024
0.0275

Значењето на ОКТА за македонската економија денес

Објавено во: Мои пари 11 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

ОКТА е една од компаниите во земјава која има значителен и континуиран придонес за домашната економија. Најголемиот снабдувач на горива на македонскиот пазар, годинава го одбележува својот 40-годишен јубилеј. Во 2017 година ОКТА имаше пазарен удел од 78% од вкупните потреби на македонскиот пазар на горива. Со горивата на ОКТА се снабдуваат малите компании, големите индустриски капацитети како и јавните претпријатија, а преку малопродажната мрежа на бензински станици со брендот ОКТА и граѓаните, односно крајните потрошувачи.

Овој податок најдобро говори за значењето на ОКТА за јавниот живот, односно за придонесот кој го има компанијата  за непречено одвивање на бројни процеси во стопанството во земјава. Дополнително, како реномирана и соодветно стандардизирана компанија со интегриран систем на управување, ОКТА е снабдувач на горива и на регионалните пазари. Во 2017 година, вкупната продажба на горива достигна 768 илјади тони, од кои 677 илјади  тони се пласирани на домашниот пазар, додека 91 илјади тони се извезени во Косово, како и на пазарите во Србија, Албанија и Црна Гора. Од голема важност е податокот за придонесот на ОКТА кон буџетот на државата преку ставката даноци. Само во последната, 2017 година вкупните обврски кои ОКТА ги плати кон државата изнесуваат над 15 милијарди денари или 246 милиони евра.

Од 1978 година до денес, ОКТА израсна во синоним за сигурна и безбедна испорака на квалитетни горива на домашниот пазар и во регионот, компанија со инфраструктура којашто претставува столб на снабдувањето на земјата со нафтени деривати. Резервоарскиот парк на ОКТА е со капацитет за складирање на 350 милиони литри гориво, а за следење на количините во резервоарите компанијата располага со современа и високо софистицирана опрема како и со акредитирана лабораторија за контрола на квалитетот на горивата. Преку својот беспрекорен логистички систем компанијата обезбедува брзо, ефикасно и сигурно снабдување, прилагодено на барањата на своите клиенти.

Компанијата како што постојано растеше и се унапредуваше во изминативе 40 години, исто така се менуваше и прилагодуваше на новите пазарни услови, на потребите на клиентите и на индивидуалните потрошувачи. Денес под брендот ОКТА работат 26 бензински станици, кои што ја сочинуваат развиената и модерна продажна мрежа која нуди позитивно потрошувачко искуство. ОКТА е првата и единствена компанија на пазарот која преку Програмата Гаранција воведе контрола на квалитетот и количината на горивата директно на бензинските станици кои работат под нејзиниот бренд.

Статусот на успешна, модерна и транспарентна компанија, ОКТА го гради и со својата улога и ангажман во заедницата преку бројните општествено одговорни практики во различни сектори од социјалниот живот и во интерес на граѓаните. ОКТА донира, поддржува и на различни начини придонесува за подобрување на состојбите во здравството, образованието, спортот, културата, безбедноста во сообраќајот, екологијата, а во својот фокус секогаш ги има и маргинализираните групи граѓани. Како дел од својата корпоративна култура, ОКТА постојано вложува во професионалната надградба на своите вработени, кои претставуваат движечка сила за успехот и одржливиот развој на компанијата.


Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!