Знае ли министерот Бектеши што се спрема во ТЕЦ „Осломеј“?

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2022
ЕСМ потпиша, а Бирото за јавни набавки, објави договор за големи зафати во ТЕЦ „Осломеј“ за кои се потребни најмногу шест месеци работа. Договорот предвидува замена на стари горилници со изработка и монтажа на нови бренери (т.е. горилници). Дали министерот Бектеши знаел за ова кога официјално соопшти дека ТЕЦ „Осломеј“ ќе биде вратен на мрежа (т.е. ќе почне да произведува струја) на 1 декември?
Дали знае министерот Крешник Бектеши дека државната компанија за производство на струја ЕСМ склучи договор за монтажа на бренери (н.з. горилници) во ТЕЦ Осломеј? Ова прашање во стручната јавност се наметна вчера кога Бектеши на прес конференција ја убедуваше јавноста дека цититраме:
„Од 1 декември годинава ќе бидат ставени во функција сите производствени капацитети за електрична енергија со кои располага АД ЕСМ“.
Истиот ден со изјавата на Бектеши, надлежен министер за енергетските прашања, ЕСМ на сајт на Бирото за јавни набавки го објави договоот со скопски „Факом“ за изработка, демонтажа и монтажа на два бренери (т.е. горилници) за јаглена прашина и систем канали за секундарен воздух.
Договорот значи дека скопски „Факом“ превзема обврска да ги демонтира старите бренери и да изработи и да монтира нови горилници како и да да ги демонтира старите и да изработи нови канали за секундарен воздух и да ги монтира на местото на старите.
Ова го пишува во договорот за јавна набавка кој е достапен на веб страницата на Бирото за јавни набавки на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/0e2fd55d-415b-4e9e-b603-cb1e54d7d0cf
Вредноста на договорот со вклучен ДДВ е 1,22 милиони евра.
Конфузија создава најавата дека ТЕЦ „Осломеј“ ќе се вклучи на мрежа од идниот четврток особено затоа што истовремено е склучен договор со кој треба народски кажано „да се ремонтираат“ горилници односно деловите од системот во кои согорува јагленот со помош на дизел гориво и топлината се кроисти за загревање на водата во пареа која задвижува турбини кои произведуваат електрична енергија.
Особено тоа што членот 6 од договорот предвидува дека рокот за извршување на услугата е 6 месеци од денот кога ЕСМ ќе достави барање за активација на договорот. Рокот на договорот не може да биде подолг од 1 година од денот на потпишувањето ( а е архивиран во ЕСМ на 11 ноември 2022 година).
„Фактор“ побара објаснување за тоа дали ТЕЦ „Осломеј“ ќе почне да работи идниот четврток и како овој договор ќе влијае врз тоа. Од ЕСМ добивме кус одговор без детали и го пренесуваме во целост, а тој гласи:
Ќе работи според сегашните планови, нема да има промена.
Доколку добиеме одговор од кабинетот на министерот Бектеши ќе ги објавиме во целост.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
Chinadaily: Експертите велат дека податоците од услугите го потврдуваат закрепнувањето

ИСПЛАТАТА ЌЕ ПОЧНЕ ОВОЈ МЕСЕЦ - еве кој сѐ ќе земе пари од владината помош, законот усвоен и пратен на усвојување по скратена постапка

БРУТО ПЛАТА ОД ИЛЈАДА ЕВРА - странците во зоните сѐ подобро ги плаќаат нашите работници
НА ПАЗАРОТ НИКОГАШ ДОСЕГА НЕ ВЛАДЕЕЛА ТАКВА БИТКА ЗА СЕКОЈ РАБОТНИК КАКО СЕГА - еве што кажа хрватската директорка на Здружението на работодавачи
ФИСКАЛНО ОДРЖЛИВ И ТАРГЕТИРАН: ДЕВЕТТИ ПАКЕТ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА НАЈРАНЛИВИТЕ И СТОПАНСТВОТО

ГОЛЕМ ТРГОВСКИ ЛАНЕЦ ИСПЛАТИ 300 ЕВРА БОЖИЌНИЦА - најавуваат и значително зголемување на платите во идната година

СРПСКА КОМПАНИЈА ОБЈАВИ ДЕКА МОРА ДА ОТПУШТИ ДОСТА РАБОТНИЦИ - прв пат поминуваме низ нешто вакво, тешко е да се отпуштат добри луѓе

МЕТА И IBM ЛАНСИРАА АЛИЈАНСА - таа ќе ја промени вештачката интелигенција

ЗА САМО ТРИ ГОДИНИ КИНА СО ОГРОМЕН НАПРЕДОК: Фокус на зелениот развој и климатските активности
