ЗНАЕМЕ КОИ СТЕ, АГЕНТИТЕ ЌЕ ВЕ ПРОНАЈДАТ - порака од директорот на ФБИ до 200 осомничени кои упаднаа во Капитол
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2021
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) приведе над сто луѓе за време на минатонеделниот упад во Капитол.
Сега интензивно се испитуваат поединците кои би можеле да ја загрозат безбедноста при инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари.
„Ги проверуваме поединците кои би можеле да имаат план да го повторат насилството од минатата недела“, изјави директорот на ФБИ, Критсофер Вреј.
Тој додаде дека од 5 јануари идентификувале повеќе од 200 осомничени.
„Значи, знаеме кои сте, ако сте тука, агентите на ФБИ ќе ве пронајдат“, беше дециден Вреј.