25 Април, 2024
0.0428

ЗНМ објави „Прирачник за етичко известување од избори“

Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Здружението на новинарите на Македонија во пресрет на претстојните парламентарни избори изготви „Прирачник за етичко известување од избори во Северна Македонија“ кој ќе помогне на новинарите и медиумите во подобро запознавање со етичките и правните аспекти на покривање на изборната кампања и денот на изборите.

Во прирачникот е истакната важноста на почитувањето на етичките стандарди при известувањето, како и улогата и значењето на медиумите за време на самите избори. Во таа насока, истакнато е дека информативната улога на медиумите подразбира дека тие урамнотежено и коректно ќе известуваат за кампањата на сите политички партии, со што би им помогнале на граѓаните да одлучат како ќе гласаат.

Публикацијата е поделена на четири дела кои освен за етичките стандарди, се однесуваат и на етичките принципи за реализација на фер и балансирана телевизиска кампања со политичките опоненти, меѓународните правни стандарди за слободата на изразување и изборите, како и за националните правила за медиумско покривање на изборните процеси.

Како автори се јавуваат: д-р. Марина Тунева на делот кој се однесува на етички стандарди и улога и значење на медиумите за време на избори, потоа Младен Чадиковски, во делот за етички принципи за реализација на фер и балансирана телевизиска дебата со политички опоненти.

Освен етичките принципи во посебен дел м-р. Насер Бислими разработува теми поврзани со меѓународни правни стандарди за слобода на изразување и избори, а м-р. Емилија Јаневска ја разработува темата која се однесува на национални правила за медиумско покривање на изборни процеси.

Уредник на публикацијата е Драган Секуловски, Извршниот директор на ЗНМ, кој на крајот има изработено препораки од Здружението на новинарите на Македонија во контекст на предлог измените на Изборниот законик.

Оваа публикација беше поддржана од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) со поддршка на американскиот народ преку Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) и ОБСЕ Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР).Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на ЗНМ и авторите и во никој случај не може да се смета дека ја одразува позицијата на УСАИД или Владата на САД, ИФЕС или ОДИХР.


Можеби ќе ве интересира

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив