25 Април, 2024
0.0300

ЗНМ за случајот со 1ТВ: Сомнеж за злоупотреба на медиумите за лично богатење на поединци

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија 1ТВ, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на сметка на лично богатење на поединци. Овој развој на настаните поврзани со 1ТВ претставува и удар врз репутацијата на професионалното новинарство, а доколку нема соодветна правна разрешница може да предизвика и намалување на довербата кон новинарите и медиумите во целост, смета Здружението на новинарите.

– ЗНМ изразува загриженост и за состојбата во која се наоѓаат новинарите и медиумските работници вработени во оваа телевизија, кои поради овој скандал може да останат на улица. Ова дополнително може негативно да се одрази и на севкупниот пазар на трудот во медиумскиот сектор. Оваа состојба нека биде последен аларм за итно спроведување на најавените и ветени реформи во медиумската сфера, но и во вкупниот медиумски бизнис, преку неопходен мониторинг во однос на начинот на кој медиумите се финансираат и во однос на сопствеништвото, се вели во денешното соопштение од ЗНМ.

ЗНМ ги повикува Владата и опозицијата, преку Парламентот да најдат механизам за итно деблокирање на собраниските процедури преку кои треба да продолжат реформите важни за нашата медиумска сфера. Здружението потенцира и потсетува дека се пробиени сите рокови за екипирање на програмскиот совет на МРТ и на Советот на ААВМУ .

– Тоа беа предуслови што треба да водат кон конечно креирање на амбиент во кој приватните медиуми, како и јавниот сервис ќе можат да функционираат независно, во интерес на јавноста. Ја повикуваме АВМУ да спроведе итен вонреден надзор со цел да се утврди дали телевизијата 1ТВ ги има прекршено одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, посочува Здружението на новинари на Македонија.

Од Основното јавно обвинителство во Скопје како и од надлежните институции ЗНМ бара со брза и ефикасна истрага да придонесат да се оттргне сомнежот во јавноста дека институциите делуваат селективно и не работат во интерес на граѓаните. Брза правна разрешница на случајот, смета ЗНМ, ќе биде многу значајна и за иднината на вработените новинари и медиумски работници во 1ТВ.


Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг