Зона на чист воздух во суперсторот „Литература.мк“

Објавено во: Мои пари 25 Јануари, 2021
Суперсторот „Литература.мк“ кој е лоциран во трговскиот центар „Скопје сити мол“ и во чии рамки се наоѓаат специјално опремена книжарница и современо кафуле од неодамна e „зона на чист воздух“ како резултат на прочистувачи за воздух „Даст Фри Ер Најт“ (Dust Free – Air Knight) и „Блуер“ (Blueair).
Во ова катче на добра литература и врвно кафе воедно се запазени и протоколите за дезинфекција како и за социјално дистанцирање со цел да им се овозможи на посетителите уште побезбедно уживање. „Даст Фри Ер Најт“ (Dust Free – Air Knight) се уреди за прочистување со фотокатализатори што го користат процесот фотокаталистичка оксидација (Photocatalytic Oxidation) и коишто влијаат врз коронавирусот и гриповите, а потврда за нивниот ефект може да се најде во голем број независни истражувања меѓу кои и анализа од Универзитетот во Милано.
Во рамки на суперсторот се наоѓа и кафулето „Кафе Литература” кое претставува безбедно катче за сите посетители, благодарение на прочистувачите на воздух од брендот „Блуер“ (Blueair). Имајќи во предвид дека дишењето чист воздух го отвора умот и го оживува духот и со оглед на моменталната ситуација во која се наоѓаме, во кафе-барот покрај прочистувачите за воздух „Ер најт“ (Air Knigh), покрај секоја кафе-масичка веќе се поставени и индивидуалните уреди за чист воздух од „Блуер“ (Blueair)и се запазени протоколите за дезинфекција и безбедна дистанца за уште побезбедно уживање. Дополнително, во суперпродавница на „Литература.мк“ има и можност за купување на „Блуер“ (Blueair) уредите за домот или за канцеларијата.
Од Литература.мк им препорачуваат на сите купувачи кои ќе ги посетат суперсторот и кафе-барот: „Посетете нè и дишете со полни гради, уживајте во добро кафе и уште подобра литература!”.
ПР објава
Можеби ќе ве интересира
Huawei комерцијално го лансираше RuralStar Pro решението

Активни деца се здрави деца! Запишете го вашето дете во Атлетскиот Клуб „Работнички“
ИутеКредит меѓу компаниите со најголем раст во Европа

A1 Македонија има најбрза мобилна мрежа на територијата на целата држава: Потврдено со мерењата на АЕК

Fashion Group ги слави жените: Супер промоции посветени само на дамите!

Светска премиера на Cross Turismo: Практичната верзија на Porsche Taycan
