19 Април, 2024
0.0403

Зоран Пухач: Гасењето на легалниот, ќе создаде црн пазар во обложувањето каде никој, па ни малолетниците нема да имаат никаква заштита

Објавено во: Мои пари 18 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

На 13 јуни во собранието се одржа Јавна расправа по Предлог измените на законот за игрите на среќа и забавните игри, доставени минатата година од група пратеници на ДУИ, a кои се однесуваат на оддалечување на просториите во кои се приредуваат игрите на среќа на растојание од 500 м воздушна линија од објекти во кои се врши воспитно образовна дејност. Измените би требало, наводно, да превенираат можности за стекнување порочни навики кај младата популација, смета пратеничката група. 

На јавната расправа присуствуваше и Зоран Пухач, Секретар на Европската организација на игрите на среќа. Поводот за неговото доаѓање во Скопје беа пристапните преговори на Асоцијацијата на спортските обложувалници на Македонија (АСОМ) кон оваа непрофитна организација со седиште во Брисел која ги претставува европските играчи и обложувалници, лиценцирани и регулирани со правото на ЕУ. Освен тоа, ова е прва трговска асоцијација на територијата на Европската Унија чија примарна цел е промовирање на безбедна и сигурна средина во игрита на среќа, заштита на малолетниците, обука на вработените за препознавање на зависност од игрите на среќа и сл. Фактор ги пренесува клучните поенти од неговото излагање во собранието.

Ниту едно истражување не ја поврзува близината на објектите за игри на среќа со било какво патолошко однесување

На Јавната расправа, Пухач ги изнесе своите, и ставовите на организацијата која ја застапува, во врска со Предлог измените на Законот за игрите на среќа и нагласи дека како човек кој повеќе од една деценија интензивно го следи проблемот со одговорното обложување во Европа и во светот, не нашол ниту едно релевантно истражување кое на било кој начин би ја поврзала близината на објектите за игри на среќа со било каков вид на патолошко однесување.

Неоправданоста на предвиденото растојание од 500 м воздушна линија, Пухач ја аргументираше и со структурата на населението во Северна Македонија и фактот што поголемиот дел од населените места се на многу мала површина, па така, доколку се усвои оддалеченоста,  тоа ќе доведе до директно затворање на речиси сите објекти на игрите на среќа.

Црниот пазар ќе генерира зголемувањето на криминалот

Затворањето на легалните обложувалници за кратко време ќе доведе  до создавање на црн пазар и незаконско организирање на сите видови на игри на среќа. – изјави Пухач на јавната расправа, потенцирајќи ги примерите на земјите од регионот, кај кои по предлог измени на законот на игрите на среќа, токму тоа и се случи.

„Црниот пазар многу брзо генерира голем број негативности, како што се зголемувањето на криминалот, феноменот на „зеленашење“, борба за "територија", неможност да се следи потеклото и текот на парите. Искрено се надевам дека вашите политичари нема да направат нешто што би можело директно или индиректно да доведе до гасење на легалниот пазар, каде што никој, па ни малолетници нема да имаат никаква заштита “ – апелираше Пухач.

Ниту една европска земја не ја разгледува можноста за забрани, туку квалитетно регулирање на игрите на среќа

Во однос на регулативата на развиените европски земји, секретарот на Европската организација на игри на среќа изјави дека истата не предвидува член кој се однесува на оддалеченост на просториите во кои се приредуваат игрите на среќа од училишта, универзитети, потенцирајќи дека законите на развиените земји немаат таков вид ограничувања, бидејќи одамна утврдиле дека растојанието не е поврзано со учеството на малолетни лица во игрите на среќа, а сите современи решенија одат кон целосна забрана за пристап и учество за малолетници и санкционирање на прекршителите.  Така, ниту една европска земја не ја разгледува можноста за забрани, туку квалитетно регулирање на игрите на среќа.

Европската унија развива програми за едукација и превенција  и одговорно приредување на игрите на среќа

„Актуелниот Закон за игрите на среќа на РСМ веќе ги има сите елементи на заштита на малолетниците, кои исто така ги имаат и соодветните закони во развиените земји. Правецот во кој човек може и треба да размислува не е законот, туку потенцијалното вклучување на професионални организации и поединци и развојот на програми за едукација и превенција, како и развој на програми на т.н. одговорно приредување на игрите на среќа. Слични вакви активности веќе има во земјите на Европската Унија.“ – појасни Пухач.

Инаку за Предлог измените на законот за игрите на среќа веќе подолго време се актуелна тема во медиумите. Доколку се спроведат измените, државата ќе се соочи со повеќе од 7.700  вработени кои ќе останат на улица и ќе загуби над 250 милиони евра кои по основ на даноци и други давачки од оваа стопанска гранка се слеваат во државната каса, средства кои се користат директно за потребите на граѓаните. 


Можеби ќе ве интересира

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!