Зоран Ставрески нарачал инспекција за радовишка фирма која им свртела грб
Објавено во: Македонија 17 Август, 2018
Екс министерот Зоран Ставрески во екот на изборната кампања во 2011 година, од поранешниот министер, Миле Јанакиески барал да испрати инспекции во фирма во Радовиш затоа што им свртеле грб на ВМРО-ДПМНЕ.
„Да пуштиш контрола во Марди во Радовиш, обавезно трудова инспекција. Им помагавме, а сега се свртеле со Љубе или со Љупчо, не знам“- му вели револтирано Ставрески на Јанакиески, тогашниот шеф на изборната кампања на ВМРО- ДПМНЕ.
Ова е уште една од бомбите која денеска беше објавена во случајот „Титаник“.