Зоран Заев: Односите меѓу Бугарија и Македонија се брилијантни
Објавено во: Балкан 10 Јули, 2018
Само позитивни работи се случуваат меѓу Бугарија и Македонија денес, вели премиерот Зоран Заев, во интервјуто за телевизијата Блумберг ТВ "Свет е бизнис".
„Трговската размена меѓу Скопје и Софија се зголеми за речиси 12 отсто“, вели тој, додавајќи дека има многу бугарски компании кои или веќе инвестираат во Република Македонија или преговараат за инвестиции.
!Исто така се случува и обратното - неколку бизнисмени од Македонија инвестираат во Бугарија, а тоа значи работни места за граѓаните на двете земји“, посочи уште Заев.
„Среќен сум што живеам во време кога односите меѓу Република Бугарија и Република Македонија блескаат. Тие ќе растат и ќе се развиваат и ние, политичарите, само ќе останеме да им служиме. Се започна по потпишувањето на договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија, кој делува стимулативно како кај мене, така и кај премиерот Ципрас да почнеме да работиме за постигнување на договор со Грција. Потоа дојде до датум за почеток на преговори со ЕУ “, коментира премиерот.
Земјата очекува и покана од НАТО за влез во Алијансата за време на средбата, закажана за 11 и 12 јули во Брисел. !Ова е историски момент за Република Македонија“, кажал Заев.
Тој посочува и дека 80% од граѓаните на Република Македонија се за влез на земјава во Алијансата, а над 75% се за полноправно членство во ЕУ.
„По 27 години Македонија е на пат да ги исполни 30-годишните надежи и очекувања. Јас сум среќен што сите докажавме дека Балканот не е повеќе буре барут, како што бевме навикнати да слушаме, а дека регионот е европско и убаво место во кое младите ќе останат да живеат во своите земји“, кажа Заев.