Зошто Беџет Пацоли не сака размена на територии?
Објавено во: Балкан 08 Април, 2018
Косовскиот шеф на дипломатијата, Беџет Пацоли изјави дека Приштина никогаш нема да разговара со Белград за можноста за размена на територии.
Тој на Твитер напиша дека двете страни „мора да разговараат за нормализација на односите и меѓусебно признавање“, јави Танјуг повикувајќи се на РТК на српски јазик.
„Косово не (разговарало), ниту некогаш ќе разговара со Србија за размена на територии или за идеи за поделба кои остануваат во мислите на политичарите во Белград од 90-тите години“- напиша Пацоли.
Пацоли упати порака до политичарите, „на маса да се разговара за правни обврзувачки договори за нормализација на соработката и меѓусебно признавање“, наведува РТК2.
Србија е во тешка позиција, соочена со силата на големите кои од Србија бараат таа да го оправда нивното кршење на меѓународното право и насилство кое го спроведуваа, изјави српскиот министер за одбрана Александар Вулин во интерју за српскиот весник „Курир“.
Тој истакна дека „на чело на Србија, после долго време, се наоѓа претседател кој има храброст да се носи со посилни од себе и кој издржува притисоци“.
„Вучиќ ќе се избори“ – рече Вулин мислејќи на Косово.
Тој исто така рече дека е многу тешко да се зборува за нормализација на односите со Приштина, односно со оние кои користат насилство и не го одржуваат зборот.