Зошто Белорусија се вооружува?
Објавено во: Свет 19 Мај, 2022
Се вооружува и Белорусија, која купи ракетни системи С-400 и ракети „Искандер“ од Русија.
Претседателот Александар Лукашенко вели дека е набавено „потребното количество“ од ова оружје, без да даде други детали.
„Со ова оружје, тоа е веќе сосема поинаква армија“, кажа Лукашенко.
Тој вели дека ова оружје може „да предизвика огромна штета“. Лукашенко неодамна изјави дека многу научиле од војната во Украина и дека армијата ќе се опремува. Белорусија е поддржувач на Русија и затоа е под санкции. Денеска е 85-от ден од почетокот на руската инвазија на Украина, а Белорусија на почетокот дозволи руски трупи од нејзината територија да извршат напад на Украина.