26 Април, 2024
0.0255

Зошто би била потребна и третата доза на вакцина против корона вирусот: Вирусологот Јовановиќ наведува две причини

Објавено во: Балкан 13 Април, 2021

Добивај вести на Viber

По вчерашната потврда од страна на Кина дека нивните вакцини имаат помала ефикасност во однос на останатите, експертите наведоа дека највцеројатно ќе биде потребна и трета доза за целосно создавање на имунолошки одговор против Ковид-19.

Вирусологот Тања Јовановиќ вели дека третата доза на вакцина против коронавирус се споменува во два различни контексти, односно дека има две насоки.

Првата е во насока на соочување со појава на нови варијанти на вирусот.

- Вирусот мутира и полека ги менува оние структури кои се многу важни за неутрализирање на вирусот со имунитетот предизвикан од вакцината. Во таа смисла, постои помала ефикасност на вакцините против овие нови видови. Она што доминира кај нас е британскиот вид и се покажа дека сите вакцини што се достапни во Србија се целосно ефикасни ,рече д-р Јовановиќ.

- Сепак, се појавува и варијанта во Јужна Африка, ние сега ја имаме бразилската варијанта и тие акумулираат уште поголем број на мутации. Се покажа дека овие антитела и клеточниот имунитет создаден од самата вакцина може да бидат помалку ефикасни. Затоа истражувачите се подготвени да ја направат третата доза на вакцината за нови варијанти на вирусот - објаснува Јовановиќ.

Втората причина, според д-р. Јовановиќ е немање доволно антитела по две дози вакцини, па третата доза би се примала доколку не се создаде имунитет по примени две дози на вакцината.

Таа додаде дека секоја платформа за производство на вакцини е различна и дека го стимулира имунолошкиот одговор на различен начин.


Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци