Зошто Борисов вели дека политичарите мора да прават компромиси?
Објавено во: Балкан 26 Мај, 2018
Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска на средба со неговиот украински колега Володомир Гројсман во Киев изјави дека политичарите се должи да бараат компромиси, кои ќе им донесат корист на нивните народи.
„Ние политичарите сме должи да бараме компромиси, кои ќе им донесат корист на нашите народи – безбедност, младите да останат во регионот и да се развиваме. Тоа е можно само во мирни услови“- рече Борисов.
Борисов истакна дека транспортните врски ги поврзуваат луѓето, им помагаат да се разбираат подобро и да осознаат дека помеѓу нив има повеќе заеднички работи, отколку разлики.
Гројсман се заложи за јакнување на инфраструктурната поврзаност меѓу Украина и Бугарија.
За време на средбата се разгледани и можностите за соработка меѓу Украина и Бугарија и во сферата на образованието, кое „ќе овозможи развој на младите луѓе и шанса за взамено запознавање на двата народи“.