Зошто Ципрас силно верува во победа?
Објавено во: Балкан 28 Мај, 2019
Премиерот на Грција, Алексис Ципрас е убеден дека неговата партија СИРИЗА би можела да победи на предвремените избори кои тој ги најави по поразот на гласањето за Европскиот парламент, пренесува „Катимерини“.
Во говорот подготвен со цел да ги сплоти членовите на СИРИЗА, тој изјави дека резултатот од европските избори бил под неговите очекувања.
„Клучното нешто во животот не е тоа што ќе паднете, туку дали потоа ќе станете. Затоа сум овде од вас да побарам да станете, и да се борите. Знам дека можеме да го направиме тоа. Силата што ја имаме се состои од бранењето на она што е праведно, на нашите вредности, вредностите на демократската фракција и на Левицата“– изјави Ципрас.
Ципрас поради претрпениот пораз, најави свикување на предвремени избори кои ќе можат да се одржат најрано на 30-ти јуни. Нова демократија повика на негова оставка, затоа што смета дека тој повеќе нема поддршка од народот.
фото Катимерини