Зошто денес е „ДЕН Д“ за војската на Косово ?
Објавено во: Балкан 14 Декември, 2018
Денес е најавено усвојувањето на законот со кој се овозможува формирање на „војска“ на Косово.
Сите медиуми во Белград, но и во Приштина , денешниот ден го означија како „ден Д“ за формирање на војска на Косово. Косовскиот претседател Хашим Тачи веќе е во униформа.
Тоа моментално се означува како трансфорамција на косовските безбедносни сили во вооружените сили на Косово, а суштински тоа значи формирање на војска, вели за ТВ Прва Небојша Човиќ, пренесува Б92.
Некогашниот шеф на Координативното тело за Косово и Метохија вели дека Приштина таква формулација користи како би се замаскирало кршењето на нивните устави - бидејќи и по тој документ, но и по сите други важечки документи како Резолуцијата 1244 и Антисариевиот план - постоење на вооружени сили Косово е противуставно и невозможно без малцинските заедници.
Според неговите зборови, судејќи по се Косово ќе формира вооружени сили што претставува голема дестабилизација не само на регионот туку и пошироко.